Премиерот Никола Груевски на прославата на националниот празник на Турците масовно беше исвиркан од неколкуилјадната публика, што е доказ за неговата лоша политика кон турската заедница во Македонија, истакнува Партија за Движење на Турците во Македонија (ТХП).
Партијата за движење на Турците бара одговор од Груевски, со кое лице се појави пред Турскиот народ во Македонија и зарем тој нема ниту грам срам и доблест што и понатаму се подбива со Турците во Македонија?
„Која перверзија и контрадикторност е тоа што Груевски ги поздравува Турците по повод на Денот на образование на турски јазик, а голем дел од турските ученици наставата ја следат во несовремени услови, немаат учебници на свој мајчин јазик?! Дали Груевски заслужи да се појави на прославата поради тоа што знае како да ги фати Турците за уши и да го носи на гласање? Или пак заради тоа што владата со чело на Груевски Турската заедница во Македонија ја третира како граѓани од трет ред, кои се дискриминирани во секој поглед и сегмент од општеството“, соопштуваат од партијата.
ТХП потсетува дека Груевски веќе со години ветува дека ќе се оствари изградбата на Турскиот театар, но и понатаму оваа ветување останува само фарса.
Во изминативе 10 години потрошивте повеќе од 25 милијарди евра, кажете отворено колку потрошивте за потребите на граѓаните од турската заедница? Завршува владеењето на зулумот врз Турците. Турците не ви се плашат, вчера тоа го покажаа храбро и одлучно! Турците имаат порака: Доста е Никола, збогум Никола“, порачаа од ТХП.