Следната година ќе биде година во која ќе растат платите, бројот на работните места и инвестициите. Ако 2018 година беше година на крупни реформи и поставување на темелите за еден подобар економски систем, 2019 треба да биде година во која веќе посериозно треба да се почуствуваат ефектите од овие реформи, вели во интервју за МИА министерот за финансии Драган Тевдовски.
Тој додава дека Министерството за финансии и УЈП се подготвени за спроведување на даночната реформа од следната година.
-Воведување на фер даночен систем беше едно од ветувањата на Владата кон граѓаните. Решението беше претставено и дебатирано со засегнатите страни. Беа имплементирани дел од забелешките и сега сме подготвени за негово спроведување.
Дополнително, следната година, граѓаните ќе видат колку ќе им биде олеснета постапката за поднесување на годишна даночна пријава – додава министерот.