Тевдовски: Невработеноста е значително намалена, платите пораснаа

by fokus

Јавниот долг е ставен под контрола, а годинава е направен сет од десет клучни реформи за подобар систем на јавни финансии, оцени денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.

Тој посочи дека со даночната реформа ќе се обезбеди фер даночен систем и постепена фискална консолидација. Пензиската реформа ќе го стабилизира ПИОМ и ќе го намали дефицитот во Фондот, додека реформата на социјалниот систем ќе овозможи гарантиран минимален приход и подобро таргетирање на социјалните трансфери.

-Годинава имаме сет од десет клучни реформи во јавните финансии. Јавниот долг е ставен под контрола и се спроведува постепена фискална консолидација. Во 2016 година јавниот долг изнесуваше 48,8 отсто, а денеска изнесува 48,2 отсто. Зголемена е довербата на инвеститорите, што влијаеше на намалување на каматната стапка и зголемување на рочноста на инструментите. Годинава издадовме 30 годишна обврзница, како и најуспешната еврообврзница досега со историски најниска каматна стапка од 2,75 отсто. Фискалната консолидација се спроведува постепено во насока на одржливост на јавниот долг, а за следната година проектиравме понизок дефицит во однос на годинава, како процент од БДП, но и во апсолутен износ, рече Тевдовски на денешната средба со новинарите.

Според Тевдовски, економијата годинава ја одбележаа растот на платите, намалувањето на невработеноста, како и враќањето на довербата кај инвеститорите.

-Платите заклучно отктомври пораснаа за 5,7 отсто. Невработеноста е значајно намалена и се приближува до 20 отсто. Отворени се над 14 илјади нови работни места. Странските директни инвестиции се значително повисоки во однос на минатата година. Индустриското производство во континуитет забележува добри резултати, додека извозот има двоцифрен раст, потенцира Тевдовски.

Поврзани новости