Министерто за финансии, Драган Тевдосвки, успешно го заврши својот прв „Topsy triology“ триатлон, настан кој за првпат се одржа во Скопје.
Тевдовски настапи во категоријата сениори, а преплива 750 метри, возеше велосипед 20 километри и трчаше пет километри.
Иако во минатото во финишот го пречекуваа трите ќерки и сопругата, овојпат тие не беа таму.
Во изјава за „Фокус“ тој ни кажа дека имале приредба, но сепак остануваат негови најверни поддржувачи.
Настанот кој за првпат се одржува во главниот град, привлече голем број луѓе, а организаторите очекуваат дека тоа ќе прерасне во традиција.
Во тек се настапите на рекреативците, а се чека и објавување на резултатите на категоријата сениори.
Тедвовски кој во минатото се занимавал се занимавал со спорт, а денес е учесник на атлетки маратони, апелира до јавноста, а посебно до политичарите, повеќе да се занимаваат со спорт, бидејќи е здраво за телото и за духот.
Вики Клинчарова