Во конкуренција на сите министри во владиниот кабинет, само министерот за финансии Драган Тевдовски користел јавен превоз.
Како што покажува Алатката за отчетност на функционерите, Тевдовски од јуни до крајот на минатата година потрошил 19.482 денари за јавен превоз.
Покрај него, јавен превоз уште користел министерот без ресор Зоран Шапуриќ, но тој потрошил незначителни 185 денари.
Наспроти тоа, кај другите владини функционери може да се забележат трошоци за авионски билети, за такси-превоз и за изнајмени автомобили, но не и за јавен превоз.
Сепак, Тевдовски е рекордер според средствата што ги потрошил за хотелски сместување во странство, за што потрошил 206.283 денари.
Во однос на трошоците за сместување надвор од државава, веднаш зад него се вицепремиерот Кочо Анѓушев со 202.128 денари, министерот за надворешни работи Никола Димитров со 180.090 денари, министерот за култура Роберт Алоѓозоски со 170.807 денари…
Премиерот Зоран Заев, пак, за хотелско сместување во странство потрошил 129.468 денари.