Теута Арифи тврди дека пристигнале германските истражители

by Fokus

Германските експерти се веќе дел од тимот кој ја врши исрагата за пожарот кој ја уништи модуларната болница во Тетово и одзеде 14 човечки животи. Ова за медиумите го изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арфи, истовремено информирајќи и за тоа до каде текот на истрагата за пожарот.

Иако локалните власти во Тетово денеска го потврдија учеството на германските криминалистички експерти во истрагата од владата и обвинитеството велат дека тие не се пристигнати во земјава и оти немаат информации кога тие ќе пристигнат, поточно дека деновиве ќе дошле во земјава, објави Телма.

Во меѓувреме модуларната болница во Тетово останува под полициско обезбедување 24 часа.

Од резултатите на истрагата ќе зависи и тоа дали премиерот Зоран Заев ќе ја прифати опонудената оставка на министерот за здравство Венко Филипче, но за опозициските партии тоа е неприфатливо.

 

Поврзани новости