Теута Арифи сепак нема да биде амбасадор во ЕУ?

by fokus

Поранешната градоначалничка на Тетово и вицепремиерска за евроинтеграции, Теута Арифи не го поминала филтерот на Европската унија да биде испратена во Брисел како нов македонски амбасадор, пишува МКД.мк, повикувајќи се на дипломатски извори.

Засега нема потврда од Министерството за надворешни работи за оваа информација.

На последните локални избори Теута Арифи ја изгуби градоначалничката функција на Тетово и од нејзиниот наследник беше обвинета за партиски вработувања и за огромни општински долгови.

Опозициската партија Алијанса за Албанците побара Европската Унија да ја одбие акредитацијата за Теута Арифи.

-Наша должност е, како граѓани на оваа земја и како опозиција, да побараме од ЕУ да ја одбие акредитацијата на Теута Арифи. Нејзината акредитација би била многу штетен сигнал за правдата, бидејќи стекнувањето дипломатски имунитет од страна на Арифи би значело прекинување на нејзините кривични предмети, изјави Арбен Фетаи, раководител на Одделот за евроинтеграција на Алијансата за Албанците.

Поврзани новости