844
Пожарот избувнал многу брзо, но уште немаме информации за можни жртви, изјави вечерва градоначалничката на Тетово, Теута Арифи која вечерва беше на местото на пожарот кој избувна во ковид-центарот во Тетово.
Таа немаше многу информации за пожарот и кажа само дека чекаат информации од болницата и од полицијата.
-Пожарот избувнал многу брзо, нема информации за можни жртви. Апсолутно жалам, таму биле луѓе болни кои биле на лекување. Чекаме официјални информации и од болницата и од полицијата, рече кратко Арифи.