444
ТЕЦ Осломеј е вклучен на мрежа и произведува електрична енергија во електро-енергетскиот систем според планот за производство и потребите на конзумот.
„Во ТЕЦ Осломеј во претходниот период се вршеа неопходни дополнителни ремонтни активности, особено на млиновите и каналите за јагленова прашина кои се најизложени на влијанието на користењето јаглен од различни наоѓалишта, (делумно од сопствен ископ, делумно набавен јаглен)“, се наведува во соопштението од ЕСМ.
Од таму додаваат дека застојот се искористи за санирање и на други помали дефекти воочени на останатите уреди и постројки во претходниот период кога термоелектраната работеше.