444
Доктор Бобан Вучевски, обвинет како одговорен на смена за пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово, денеска доби голема поддршка од насобраните тетовци кои протестираа во негова поддржка прет тетовскиот суд.
Докторот преку социјалните мрежи се заблагодари за поддршката, потенцирајќи дека е неправедно обвинет за овој несреќен настан.
„Благодарност до сите граѓани кои денеска беа дел од мирниот протест пред Основниот Суд во Тетово, во знак на поддршка за Др. Бобан Вучевски, кој е неправедно обвинет. Како што ние имавме и сеуште имаме потреба од него, така сега ние нему сме му потребни со нашата поддршка! Продолжуваме со протести секое следно рочиште! Правда и поддршка за Др. Вучевски!“, објави фан-страницата на докторот.