685
Полицијата денеска во Тетово уапси 30-годишен жител на градот, поради сомнение дека заедно со уште еден тетовец, фрлиле молотови коктели врз казино во градот, со што повредиле двајца полицајци дојдени во казиното по претходна пријава.
„Денеска (18.03.2022) во 07.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот тетовец А.К. поради сомнение дека заедно со тетовецот Н.Л.(34) околу 05.00 часот фрлиле шишиња со запалива течност во спортска обложувалница-казино на улица „Илинденска” во Тетово и предизвикале пожар. Притоа, со повреди се здобиле двајца полициски службеници кои во објектот преземале службени дејствија во врска со друг, претходно пријавен настан“, соопштија од МВР.