903
Вчера попладне, двајца жители на Тетово биле фатени со хероин и биле лишени од слобода од полициски службеници, велат од МВР.
„На 22.09.2020 околу 12.15 часот во напуштен објект на ул.„Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Љ.(40) од Тетово и Н.Р.(37) од тетовско Милетино, затоа што при преглед кај нив бил пронајден хероин. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци“, додаваат од МВР.