Тетовските студенти му дадоа седум дена на Универзитетот да им ги исполни барањата

by fokus

Студентите во Тетово протестираа и денеска. Маршираа од центарот на градот до Државниот Тетовски Универзитет и поставија ултиматум. Доколку во следните 7 дена не се исполнат нивните барања, повторно ќе излезат на улица, пренесе телевизија 21.

„Уште денеска, ние заедно ви велиме дека имате рок од 7 дена за да реагирате и да почнете со исполнување на нашите барања, и тоа да го направите јавно. Во спротивно ние немаме друга опција освен да се среќаваме секојдневно овде на плоштадот, пред Ректоратите на универзитетите и пред Министерството за образование и наука.“, изјави студент.

Студентите велат дека добивале закани од разни страни, но тоа не ги спречува да ги бараат нивните студентски права.

„Верувам дека ќе продолжиме со протести се додека не се земат предвид нашите барања и да се исполнат условите кои ги побаравме. Имавме разни притисоци, но ние и покрај тие закани, нема да се откажеме…“, изјави студент.

„Имаше притисоци, и од професорите и од партиски војници со цел да не излегуваме за реализација на нашите барања.“, изјави студент.

Од Тетовскиот универзитет велат дека барањата се уште не стигнале до ректоратот, така што бараат истите да бидат доставени по институционален пат.

Поврзани новости