564
Државниот универзитет во Тетово по четири години работа ги затвора дисперзираните студии во Дебар. На ова остро реагираа локалните власти кои бараат Сенатот да ја преиспита одлуката.
Претседателот на Советот на општина Дебар, Башким Машкули вели дека општината досега инвестирала 300 илјади евра за реконструкција на објектот, а дека биле и потписници на одлуката за основањето на Универзитетот.
-Ова што му се случува на Дебар денес е една неправда –веи Машкули.
Студентите пак, велат дека ако не се повлече одлуката ќе организираат протести и ќе се отпишат.
Инаку, досега во Дебар на студиите по ангиски, германски, француски јазик и физиотерапевти изминативе години студирале повеќе од 80 студенти, а годинава не е распишан конкурс за нови студенти.