50
Зијадин Села ги добил печатите на Алијанса за Албанците.
Одлуката е донесена во Основниот суд во Тетово каде по расколот во партијата меѓу двете крила на Арбен Таравари и Зијадин Села беше поведена постапка за да се одлучи кој има право да ја води партијата.
Судот одлучил печатите да му припаднат на крилото на Села кое одлучи да се приклучи на коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ.
Крилото,пак, на Таравари се приклучи коа коалиција ВРЕДИ, во која се опозициските партии на Албанците. Арбен Таравари е претседателски кандидат.