На територијата на Општина Тетово вчера сообраќајната полиција фатила 33 возачи како го користат мобилниот телефон додека управувале со возилото. Сите ќе треба да платат платен налог во износ од 40 евра колку што предвидува законот.
Од Секторот за внатрешни работи на Тетово соопштија дека при вчерашната акциска контрола акцент бил тавен на два вида сообраќајни прекршоци – некористење на сигурносен појас и користење на мобилен телефон при управување возило.
„Откриени и санкционирани биле 33 возачи кои зборувале на мобилен телефон и 39 возачи и 14 совозачи ) кои не користеле сигурносен појас, како и 4 возачи кои ги управувале возилата без потребната возачка дозвола. Покрај ова, санкционирани, исто така, биле и 7 технички неисправни возила. Пет од нив имале неисправен уред за управување, 1 неисправни сопирачки и 1 неисправни други уреди и системи“, соопштија од таму.
Прекршочен платен налог со глоба во износ од 40 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставот (1) на овој член.