328
24-годишна девојка од Тетово ги пријавила вчера околу 22.00 часот родителите дека извршиле семејно насилство врз неа.
Според полицијата, непосредно пред пријавата во нејзината соба влегла мајка и и побарала да и ја даде целата плата. Таа се спротивставила и тогаш мајка и почнала да ја влече за коса, а татко и неколку пати со тупаници ја удрил по главата и телото.
На девојчето и се нанесени видливи повреди на телото. Родителите М.Џ.(44) и М.Џ.(41) биле повикани во Полициската станица Тетово на распит. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.