Тетовка пријавила во полиција – деверот ги нападнал неа и нејзиниот сопруг

by Fokus

МВР информира дека четириесет и осумгодишна жителка на тетовско село вчера во полицијата пријавила насилство.

Пред три дена, според она што е пријавено, во дворот пред нивната заедничка куќа, нејзиниот девер (60) физички ги нападнал неа и нејзиниот 56-годишен сопруг.

Случајот целосно е расчистен и против пријавениот ќе следува соодветен поднесок, информираа од МВР.

 

Поврзани новости