Тетовецот во полиција рекол дека не добивал директни закани, туку видел коментари на социјалните мрежи

by fokus

Тетовецот Ибин Емшиу кој во пожарот во тетовската модуларна болница ги изгубил таткото и братот по сведоштвото за Дојче Веле дека бил заплашуван со убиство за да не ја каже вистината трагедијата, во исказот во полиција рекол дека немал директна закана, туку дека социјалните мрежи прочитал такви коментари.

-Тој изјавил дека немал директна закана по неговиот живот, туку дека по дадената изјава за медиум, на социјални мрежи наводно прочитал три коментари во врска со дадената изјава – да внимава што изјавува и дека може нешто да му се случи. Покрај тоа, како што им кажал на полициските службеници денеска, на стакло од неговото возило на лист наводно подоцна му било напишано ‘Внимавај’. Но, не ги сочувал ниту коментарите од социјални мрежи, ниту листот, велат од СВР Тетово.

Во полиција исто така изјави дека никој во болницата не му барал пари, туку сам му давал пари на медицинскиот персонал за подобро да се грижат за неговите блиски.

Претодно Емшиу за Дојче веле изјави дека му се заканувале дека ќе го убијат ако ја каже вистината за трагедијата во ковид-центарот во којшто изгореле неговиот татко и брат.

Во текстот, исто така, вели дека е гневен на вработените во ковид-центарот, но и на политичарите кои, како што вели, се обидуваат да ја сокријат вистината за трагедијата. Тврди дека морал да им плаќа по 1 000 денари дневно на болничарите за да го негуваат неговиот неподвижен 28-годишен брат, кој боледувал од церебрална парализа.

Поврзани новости