543
Во текот на вчерашниот ден, жител на тетовско Теарце бил уапсен затоа што преку социјални мрежи намамил малолетничка од Косово на обљуба.
„Полициски службеници на СВР Тетово вчера (10.08.2022) околу 17.00 часот, во тетовско Теарце, го лишиле од слобода 27-годишниот М.А. од ова село, поради сомнение дека извршил „намамување на обљуба или на други полови дејствија на дете кое не наполнило 14 години“. Станува збор за малолетничка од соседно Косово, а делото, според пријавеното, било извршено преку социјални мрежи. Се расчистува и документира случајот, по што против М.А. ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.