423
Триесет и седумгодишна жителка на Тетово го пријавила својот сопруг дека подолг период ја омаловажувал и и се заканувал, и тоа не само на неа, туку и на нивните три деца.
-Вчера во СВР Тетово, А.Ф(37) од село Палатица, тетовско пријавила дека на 13 декември 2019 околу 20:30 часот нејзиниот сопруг З.Ф од село Палатица ја омаловажувал и и се заканувал со остар предмет. Според пријавеното, заканите кон неа и нивните три деца се повторувале подолг временски период. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информират од МВР.