154
МВР информира дека синоќа во 23.40 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Љ.Ј.(28) од Тетово.
Околу 22 часот, тој бил пријавен од малолетник од Тетово дека го нападнал со остар предмет и му нанел тешка телесна повреда.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.