523
Тетовската полиција информира дека е приведен 46-годишник поради пријава за агресивно однесување во Клиничката болница во Тетово. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
-Дваесетина минути по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 46-годишниот Џ.Б. од тетовски Порој, кој претходно се однесувал агресивно на Детското одделение во тетовската Клиничка болница, им се заканувал на вработените, се обидел физички да ја нападне лекарката и ја оштетил влезната врата од амбулантата, информира СВР Тетово.