Возач од Мала Речица додека се враќал од погребна поворка на локалниот пат во тетовско Горно Орашје со своето возило удрил во 10 пешаци.
– М.Ј.(61) од Мала Речица, управувајќи патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешаците: А.В.(75) од с.Јажинце, И.З.(76) од с.Непроштено, Џ.А.(58) од с.Доброште, Р.А.(73), А.А.(67) Р.М.(55) А.А.(71) с.Орашје, Б.Н.(46) сите од Орашје, Ќ.М.(65) од с.Пршовце, и С.Џ.(60) од Тетово – информира СВР Тетово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот А.В, кој бил пренесен во Клиничката болница Тетово, додека со телесни повреди завршиле сите останати пешаци.
Првичните информации говорат дека возачот кој е во поодминати години изгубил контрола и удрил во пешаците. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, се работи на целосно расветлување на случајот.