491
Во текот на вчерашниот ден, тетовец бил уапсен поради сомнение дека крадел гориво од автомобили, информираат од МВР.
„На 25.10.2022 во 15.00 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(25) од тетовско Јеловјане.
Тој се сомничи дека во текот на минатиот и овој месец извршил повеќе кражби на гориво од возила. Од А.А. биле одземени две канти со гориво за кои постои сомнение дека потекнуваат од пријавените кривични дела, информира МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава. поднесок“, додаваат од МВР.