654
Дваесет и девет годишен тетовец пријавил во полиција дека бил нападнат од мајката на поранешната девојка. Според пријавеното, нападот се случил во училиште каде работел.
-Вчера 28 септември во 21 часот и 10 минути, И.Ш.(29) од Тетово пријавил дека околу 20 часот и 40 минути, додека бил на работно место во тетовско основно училиште, физички бил нападнат од 55-годишната тетовка Л.Ј., со чија ќерка претходно биле во љубовна врска, информира денеска СВР Тетово.
Тетовската полиција преземе мерки за расчистување и документирање а случајот.