Тетовец киднапирал девојка и ја чувал цел месец, сакал да му биде сопруга

by Fokus

Дваесетгодишниот М.Ф. (20) од тетовското село Пирок заработи кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“, информираа од МВР.

Според полицијата, М.Ф. на 06 октомври минатата година во Гостивар упатил закани кон Е.А. (18) од гостиварското село Сенокос, со што ја наговорил да влезе во такси возило со кое потоа се упатиле во неговиот дом. Откако пристигнале, момчето и рекол на Е.А. дека таа ќе му биде сопруга, по што ја држел во неговата куќа до 15 ноември лани. Тој ден, од телефонот од неговиот татко, девојката се јавила на татко и.

Родителите и братот на Е.А., заедно со полициски службеници пристигнале во село Пирок и ја земале девојката.

 

Поврзани новости