Тетовец ја тепал сопругата и ја принудувал на сексуални односи со други лица

by fokus

28-годишен тетовец е лишен од слобода, откако неговата сопруга пријавила семејно насилство и принуда на сексуални односи со други лица, пренесуваат од МВР.

„На 24.12.2018 година, 26 годишна жителка на тетовско село, пријавила семејно насилство што го извршил нејзиниот сопруг И.И.(28) кој подолго време психички и физички ја малтретирал, а пријавила и дека ја принудувал на сексуални односи со други лица од различни места од полошкото подрачје. И.И. е лишен од слобода и задржан за натамошна постапка,“ додаваат од МВР.

Поврзани новости