Тетовец ја натепал поранешната девојка, па заврши во полициска станица

by Fokus

МВР информира дека синоќа околу 21 часот и 30 минути, на улицата Илинденска во Тетово, полицајци го привеле 23-годишниот Н.А. од тетовска Голема Речица поради насилство.

Според информациите, младиот тетовец еден час претходно бил пријавен од 22-годишна девојка од Тетово, со која претходно бил во љубовна врска, дека попладнето физички ја нападнал додека со возило се движеле низ централното подрачје, велат од СВР Тетово.

Момчето е задржано во Полициската станица – Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Поврзани новости