231
Тетовец и се заканувал врз животот и ја силувал поранешната партнерка. Јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
-Во близина на бензинска пумпа на влезот од Тетово, на 30 јули во вечерните часови, осомничениот нападнал жена со која до неодамна бил во врска. Ја следел додека од работа се враќала дома и започнал да ја влече на сила. Спротивно на нејзината јасно изразена волја и со закана дека непосредно ќе нападне врз животот на оштетената, тој ја принудил на сексуални односи, соопшти Обвинителството.