Тетовец ги скршил ребрата откако се превртел со автомобил на покрив

by fokus

Триесет и осум годишник од Фалише се превретел со возило на булеварот „Илирија“ во Тетово вчера околу 22:20 часот по што добил скршеници на ребрата. Тој бил сам во возилото, а нема други повредени во инцидентот случен на фрекфретната сообраќајница во градот.

– Возачот управувал патничко моторно возило „Пежо 206“ со тетовски регистертески таблици по што загубил контрола и се превртел на покрив. Од излетувањето и превртувањето добил тешки повреди на ребрата. Бил пренесен во тетовската клиничка болница каде е задржан на лекување, иформира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

- Advertisements -

Инаку, статистичката анлиза на Секторот за внатрешни работи Тетово бележи дека изминатите шест месеци од оваа година во Тетовскиот регион вкупно откриле и соодветно санкционирале 9125 сообраќајни прекршоци, додека вкупниот број на контролирани возила во овој период изнесувал 27.717. Откриените сообраќајни прекршоци заокружени се со 4593 мандатни, 2679 прекршочни плaтни налози, како и со 1923 писмени опомени, а времено биле одземени 292 возачки и 315 сообраќајни дозволи.

Поврзани новости