442
Момче од Шипковица доби кривична пријава, поради тоа што објавил компромитирачки фотографии на социјални мрежи со својата поранешна девојка.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Ј.(23) од с.Шипковица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Во текот на јули 2019 пријавениот, на социјалните мрежи „Facebook“ и „Instagram“, од негови профили објавил заеднички компромитирачки фотографии со девојка од тетовско село, со која претходно бил во љубовна врска“, велат од МВР.