423
61-годишната Џ.У. од Тетово завршила во болница откако била синоќа претепана од нејзиниот син Х.У. Според полицијата Х.У. најпрво ја навредувал мајка си и својата 36-годишна снаа, а потоа применил и сила.
„На 29.07.2018 година во 22.50 часот било пријавено дека истиот ден околу 20 часот во Тетово Х.У. најпрвин почнал да ги омаловажува неговата мајка Џ.У. (61) и снаата У.Џ. (36), а потоа физички ја нападнал мајка си. На Џ.У. и била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Тетово. Се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.