586
Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, информира дека дека добил негативни резултати на тестовите за Ковид-19.
„Двата теста кои ми беа направени преку брис и преку крв се негативни и не чувствувам никакви симптоми. Додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите од институтот за јавно здравје, останувам во самоизолација и ќе го почитувам препорачаниот рок за самоизалоција“, напиша Смилевски на фејсбук.
Тој ги повикува граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките во борбата против коронавирусот.