678
Сите домашни и странски физички лица, симптоматски и асимптоматски, на кои им е извршено тестирање за присуство на корона вирусот, ќе одат во задолжителна самоизолација и од моментот на земањето на брисот до добивањето на негативен резултат, предвидува Уредбата со законска сила донесена од владата.
„Доколку земањето на материјал за тестирање е извршено вон домот, односно местото на потенцијална самоизолација на физичкото лице кое се тестира, лицето има обврска без одлагање во најкус можен рок и на најбрз начин, да се упати во самоизолација при што треба да ги намали, односно сведе на минимум попатните контакти со други лица, се до пристигнување на местото на самоизолација“, предвидува уредбата.