Тестирани се 67 лица со кои докторката позитивна на вирусот од Кавадарци била во контакт

by Fokus

Поради тоа што имале контакт со докторката вработена во ЈЗУ Кавадарци, која е позитивна на корона вирус, деновиве се тестирани 67 лица – за ,,Фокус” информира Тони Димитриев, директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.

Веста дека докторка од Кавадарци и нејзиниот сопруг се позитивни на корона вирус беше потврдена во петокот. Од Центар за јавно здравје Велес потврдија дека истиот ден од Кавадарци биле тестирани седум лица.

Во саботата пак, се земени брисеви од 40 лица, со кои според анкетите позитивната докторка имала контакт. Во неделата биле земени уште 27 бриса, исто така од лица со кои таа била во контакт. Дел од резултатите, за околу 30 лица кои беа готови во тек на вчерашниот ден, беа негативни на вирусот. Се очекуваат резултаите за останатите.

Според Димитриев, поголемиот број на тестови биле направени на лица од ЈЗУ Кавадарци, но биле тестирани и други граѓани, надвор од болницата, а со кои докторката имала контакт.

-Во Кавадарци до сега има официјално два позитивни случаеви на вирусот. Голема среќа е што сите резултати кои се добиени до сега се негативни, ги очекуваме и останатите резултати наскоро. Сите тестирани лица остануваат во домашна самоизолација – изјави тој.

Во саботата, во телефонски разговор за ,,Фокус” ќерката на позитивните сопружници тврдеше дека нејзините родители биле одговорни, се придржувале на препораките и не изложиле никого на ризик.

Вики Клинчарова

Поврзани новости