Финската опозициска десничарска Национална коалициона партија (НКП) има тесно водство на парламентарните избори што се одржаа денеска, со поддршка од 20,8 отсто , но раните резултати честопати се менуваат, а исходот останува неизвесен додека трае броењето.
Социјалдемократската партија на премиерката Сана Марин е втора со поддршка од 20,7 отсто, следена од националистичката партија на Финците со 18,6 отсто, со 40,1 отсто преброени гласови, покажаа податоците на Министерството за правда.
Марин (37), обожавателите ширум светот ја сметаат за милениумски пример за прогресивните нови лидери, но дома се соочува со критики за трошењето на нејзината влада.
Ако водството на НКП остане, нејзиниот претседател Петри Орпо ќе ја добие првата шанса да формира коалиција за да добие мнозинство во парламентот, а ерата на Марин како премиерка најверојатно ќе заврши.