Тесна трка за телевизиските награди „Еми“

by Fokus

Серијата „Наследство“ (Succession) на продукцијата HBO, која се однесува на афери на моќни семејства чиишто членови прават заговори и меѓусебно си подметнуваат, го презема во вторникот водството за телевизиските награди Еми (Emmy), со вкупно 25 номинации.

Во конкуренција е со јужнокорејската серија „Squid Game“, планетарниот успех на Netflix, која влезе во историјата како прва продукција од вонанглиското јазично подрачје, а конкурира за Еми и тоа во главната категорија.

Поврзани новости