Тесла купи биткоини за 1.5 милијарди долари, ќе ја прифаќа криптовалутата за купување на своите возила

by fokus

Компанијата Тесла денеска соопшти дека купила биткоини во вредност од 1.5 милијарди долари и дека планира да ги продава своите производи со криптовалутата. 

Во апликацијата до Комисијата за хартии од вредност и берзански тргувања (СЕК), Тесла посочува дека откупува биткоин „за поголема фелсибилност во понатамошната диверсификација и максимизирање на повратокот на кеш“. 

Компанијата исто така изјави дека започнува да ја прифаќа криптовалутата за набавка на своите производи, но дека тоа ќе биде  „подложно на актуелните закони и начелно ограничено“. 

Како што јавуваат некои американски медиуми, ова ќе биде првпат голем производител на автомобили да најави користење на биткоини.  

Претседателот на Тесла, Илон Маск,  поттикна повеќе прашатање по неговото однесување на Твитер деновиве откако тој постираше позитивни пораки луѓето да купуваат биткоини, што доведе до зголемувањето на вреднста на криптовалутите како биткоинот и доџкоинот. 

Со најавата на Тесла, вредноста на биткоинот порасна до 44.200 американски долари. Акциите на Тесла денеска пораснаа за 2 отсто. 

Во апликацијата до СЕК, компанијата ги предупреди инвесторите дека вредноста на биткоинот е со екстремни варијации.

Поврзани новости