Тешко се повредил 18-годишник во Козле, со мопедот излетал од пат

by Fokus

МВР информира дека рано утринава во 04.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул. „Козле“ и ул. „Војвода Васил Чакаларов“, М.Л.(18) од Скопје, управувајќи мопед „пјаџо“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

По несреќата, возачот М.Л. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

 

Поврзани новости