Синот на Исмет Османовиќ, поранешен пратеник на партијата Демократска акција (СДА) во Парламентот на Босна и Херцеговинаи, бил застрелан во основното училиште во Лукавац, објави порталот „Аваз“.
„Станува збор за Н.О. Тој е роднина на потпретседателот на СДА, Фадил Османовиќ, висок функционер на СДА“, објави „Дневни аваз“.
Во инцидентот нема повредени деца, а пукањето се случило утрово околу осум часот.
Како што објавија босанските медиуми поранешен ученик кој бил префрлен од училиштето поради лошо однесување пукал во синот на Исмет Османовиќ. Тој утрово дошол во училиштето со пиштол и барал вработен во училиштето. Испукал неколку куршуми во него и во моментов лекарите се борат за неговиот живот.
Напаѓачот е уапсен, а оружјето е пронајдено на самото место, објавија босанските медиуми.