Тешко повредено девојче, ја прегазил возач на „ауди“

by fokus

Малолетно девојче е тешко повредено откако билo прегазенo од автомобил во Тетово. Таа се движела пеш по улицата „Железничка“, а во неа удрил возач на ауди.

-Околу 12:45 часот, на улицата „Железничка“ во Тетово, патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот С.И. од тетовска Голема Речица, удрило во малолетен пешак и ѝ нанел тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Поврзани новости