Тешко повредено четиригодишно дете откако го удриле со „фолксваген“

by fokus

Четиригодишно дете е тешко повредено и хоспитализирано во Клинички центар откако било прегазено со автомобил „Фолксваген“.

„На 07.06.2019 во 14,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека  во с.Крушопек  патничко моторно возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Џ. од с.Крушопек, удрило во дете на возраст од четири години од с.Крушопек, кое се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники “Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од полицијата.

Поврзани новости