529
13-годишно момче е хоспитализирано на Клинички центар откако било удрено од багер на стариот пат за село Батинци, вчера попладне. Багерот бил управуван од 64-годишниот Б.Ѓ. вработен во приватна фирма.
„На 23.01.2019 година околу 14.40 часот кај место викано „Врапче“ во Скопје, пријавено е дека 13-годишно момче од Скопје било повредено при удар од багер, управуван од Б.Ѓ.(64) од село Долно Лисиче, скопско, вработен во приватна фирма. По укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, момчето е хоспитализирано вo комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информираа од полицијата.