Тешко повредени се малолетници кои се возеле на мопед во Кочани, се судриле со автомобил

by Fokus

МВР информира дека вчера попладне во 18.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул. „Теодосија Паунов“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Л.П.(66) и мопед „априлиа“ со кочански регистарски ознаки, управуван од малолетничка, двајцата од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетничката и нејзиниот малолетен сопатник од село Соколарци, општина Чешиново – Облешево, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

 

Поврзани новости