Тешко повредени се двајца мотоциклисти во две одвоени сообраќајни несреќи

by Fokus

МВР информира дека вчера попладне околу 16.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – Пирок, во тетовска Мала Речица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(62) од тетовско Боговиње и мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управувано од А.Р.(35) од тетовско Долно Палчиште.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

- Advertisements -

Кратко потоа, во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, во атарот на с. Семениште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Х.(63) од с. Чајлане и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Е.А.(21) од с. Бојане, Скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од мотоциклот, Ј.А.(23) од с. Бојане, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости