Тешко повредени мотоциклисти во Битола и Кавадарци

by Fokus

МВР информира дека вчера утрината во 08.29 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул. „Македонска фаланга“ со ул. „Буковска“ и ул. „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(48) и мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Г.(53) двајцата од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Попладнето, во 15.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул. „Западен булевар“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Х.С.(29) и мотоцикл со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ф.Л.(20), двајцата од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Општата болница Кавадарци.

Полицијата извршила увид и кај двете сообраќајки.

Поврзани новости