Синоќа, после полноќ, се случила тешка сообраќајна несреќа кај Рампа, во скопската населба Кисела Вода. Според информации од случајни минувачи и возачи, се судриле автомобил БМВ и мотор, при што возачот на моторот бил тешко повреден. Глетката била страшна, односно, моторот е буквално преполовен, бидејќи по силниот удар со автомобилот удрил во околните дуќани.
За сообраќајката има информација и во денешниот билтен на МВР, во кој известуваат дека возачот на автомобилот е 43-годишниот Д.М., по што веќе на социјалните мрежи почна да се шпекулира дека возачот е порашен телохранител на екс премиерот Никола Груевски.
Според информациите од МВР, 22-годишното момче било во животна опасност, поради што итно бил однесено на лекување во Ургентниот центар.