239
На 10.08.2024 година во 17.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с. Градец, во близина на село Добри Дол, гостиварско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Џ. (19) од село Калиште, гостиварско и патничко возило „Фолксваген туран“ исто така со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(40) од село Топлица, гостиварско.
Во несреќата со тешки телени повреди се здобиле двајцата возачи, а констатирани во Медицински центар Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.