Тешко повредена жена удрена со „мерцедес“ на Партизанска

by fokus

Тешко е повредена 47-годишна жена која вчера попладне била прегазена од возило марка „мерцедес“ на булеварот „Партизански одреди“, информираа од полицијата.

„На 15.10.2018 година во 13.50 часот на булевар „Партизанскиoдреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која З.С.(47) од Тетово, управувајќи патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешакот И.П.(67) од Скопје. Од ударот со повреди се здобила И.П., која со друго возило била пренесена во Градската општа болница „8-ми   Септември“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, соопштија од таму.

Поврзани новости